Промотер

„Паркети“ ве канат на маалска рок ен рол журка од детството со нивната – „Дојди да ме бакнеш бејбе“ (ВИДЕО)

„Паркети“ ве канат на маалска рок ен рол журка од детството со нивната – „Дојди да ме бакнеш бејбе“ (ВИДЕО)

Оригинални, природни, едноставни и единствени, деновиве битолскиот рок ен рол бенд „Паркети“ ја претстави својата најнова песна со наслов “Дојди да ме бакниш бејбе“. За оваа песна членовите на оваа популарна музичка група од Битола снимија,  како што велат,  црно-бело, а сепак „шарено“ видео, кое ги однесе на прошетка по спомените од детството.

„Спотот е сниман во малото каде што си игравме како деца. Таму има еден голем камен кој и во тоа време постоеше, а сето тоа не врати 30 години назад во детството“ –  велат битолските рокери.

Текстот и музиката се на Симс Паркет, а истата снимена е во студиото “Fushrecords“  на Сашо Паркет.

„Песните на Паркети така и се создаваат без солење и пуширање, ете и на оваа песна ѝ дојде да ја види светлината. Да не испадни дека се фалам, али нашите песни конкретно и оваа си го наоѓаат патот до публиката и среќен сум што тоа се рашири во поголеми димензии и на онаков начин на кој сакавме т.е преку рокенролот што во денешно време е многу тешко, но од друга страна е многу интересно, а тоа е најважно“ – изјави за битолскиот онлајн магазин „Читај бе“, Симс Себастијан Паркет за најновата песна на „Паркети“.

Бендот планира настапи низ Македонија, свирки за ова лето, а и имаме планови и за надвор од границите на Макединија.

Дотогаш проследете како звучи и “Дојди да ме бакниш бејбе“ на „Паркети“ со нивните рок ен рол „керифекии“ изведени во видеото снимено во нивното мало од детството (КЛИКНИ ТУКА): 

To top