Семејството Живојиновиќ заедно со идната снаа, пејачката Александра Пријовиќ, изминатиот викенд присуствуваше на венчавката на Ања Стојковиќ и нејзиниот сопруг Уго Валенте.
Оваа свадбена прослава им беше како загревање за она што ги чека за помалку од еден месец.
Имено, идната снаа Пријовиќ и свекрвата Брена по многу време решија да овековечат еден заеднички момент, па направија селфи кое се најде на профилот на Лепа Брена која како дополнување напиша ласкав коментар за снаата:
-Моето драго злато, напиша Брена за Прија.
Ваков коментар ретко „излегува“ од свекрвите за снаите, но исклучоци има.
фото:инстаграм