Радио Милева чупата „натажена“ да не остане немажена?

Марија Луиса или е малер или на секој нејзин фраер му личи на бидермаер: Сите што ја фатиле и биле со неа, се оженија! (ФОТО)

Марија Луиса или е малер или на секој нејзин фраер му личи на бидермаер: Сите што ја фатиле и биле со неа, се оженија! (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска  дефинитивно или има голем пролем или е мајстор за да го привлече вниманието на јавноста и да се најде во центарот на збиднувањата, кои ако ги нема, умее и сама да ги исфабрикува.

Настрана пеењето и вокалните можности, сексапилната битолчанка отсекогаш располагала и со други способности. Изгледа привлечно, пожелно, атрактиво, па или им го крева… адреналинот со својот изглед, разголените фотографии и провокативни пози на Инстаграм на своите машки (и не само машки) следбеници или умее да ги расположи и насмее со разни довитливи штосови во вид на финтаџиски фрази и реченици.

Силиконската убавица со право важи за кралица на бакшишот со оглед на тоа што безмалку по секој настап си заминува со солидна сума екстра кеш со која задоволните гости ја китат на настапите.

Арно ама, по се’ изгледа не е се’ ниту во убавината и сексапилот, ни во парите, зашто од она што може се заклучи од нејзините објави на социјалните мрежи, таа има еден проблем во животот – да се немало среќа во љубовта. До душа не е многу за верување дека љубов нема со кого да води, ама затоа штом се спомне брак, на потенцијалните сопрузи како да им паднал мрак!

Како да им се стемнило, па колку врската да е среќна, а љубовниот однос да изгледа стабилен и цврст, на помислата за брак, мажите преку ноќ бегаат, како ѓавол од крст.  Или тие од неа или таа од нив, зашто пејачката никогаш не објаснила „кој е крив“.

Така „натажена“ оти чупата (засега) останала немажена, при секоја нова љубовна хаварија Марија често помислува да примени трик, со кој ќе го примора или поубаво кажано „убеди“ партнерот да ја ожени. Арно ама, по се изгледа раскошната фолкерка и тука прави некој превид, па дури и на ваков чекор да се реши, се пожали дека некаде греши?

И додека „сексиљавата“ битолска чупа онака загрижена и „натажена“ да не остане немажена си ја бараше грешката, дојде до уште една констатација, која  нејзиниот досегашен љубовен живот, сепак го става во еден вид „свадбена конотација“.

Имено, Марија Луиса заклучи дека или е толку малер или на секој нејзин фраер му личи на бидермаер… Зашто, сите што ја фатиле и биле со неа, после неа – се оженија!

„Сите кои биле со мене во врска, после мене се ожениле… Што сум јас? Бидермаер?“ – јавно праша пејачката која очигледно или одново се шегува или нема зошто да се секира: Ваква секси убавица мажите може да ги бира!

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

 

To top