Радио Милева здравствени проблеми

На Ричард Гир му дијагностицираа пневмонија: Холивутскиот актер итно хоспитализиран (фото)

На Ричард Гир му дијагностицираа пневмонија: Холивутскиот актер итно хоспитализиран (фото)

 

Холивудскиот актер Ричард Гир моментално е во Мексико со членовите на неговото семејство кои се опоравуваат откако му беше дијагностицирана пневмонија.

Гир бил на одмор со семејството во Нуево Ваљарта, а штом почувствувал проблеми отишол во болница, каде лекарите го советувале да остане со нив преку ноќ за да ја следат неговата состојба.

Светските медиуми јавуваат дека Гир бил примен во болница поради силна кашлица и воспаление на белите дробови. Но, подоцна бил пуштен на домашно лекување откако една ноќ поминал во болница со антибиотска терапија.

За здравствената состојба се огласи неговата сопруга која истакна дека најлошото поминало и тој сега задравува и ќе биде добро.

Актерот со семејството бил во Мексико по повод  40 -от  роденден на сопругата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top