Марија Шерифовиќ откри кога ќе стане мајка.
Поминаа речиси десет години од документарниот филм на Марија Шерифовиќ во кој таа отворено зборуваше за нејзиниот возбудлив, често и интригантен приватен живот.
И покрај тоа, јавноста беше лишена од некои одговори, па интимниот живот на пејачката и денес „копа“ многу луѓе.
Марија неодамна во една емисија реши да проговори за своето потомство, односно за желбата еден ден да стане мајка.
‒ Ми недостига љубовта, го сакам семејството, пријателите, миленичињата, ве сакам и вас новинарите бидејќи на некој чуден начин станавте дел од мојот живот, иако понекогаш ме нервирате – изјави Марија откривајќи кога една од нејзините најголеми желби ќе се оствари.
View this post on Instagram
‒ Наследникот на Шерифовиќ долго се чека. Бебето ќе биде кога виша сила, космосот, Бог ќе го испланира – заклучила пејачката.
фото:Intagram/Serifovivc