Радио Милева на ниво

Елена Стефановска по повод својот роденден домот го претвори во временска машина: Се’ беше специјално, од костимот на славеничката, па се до амбиентот (фото)

Елена Стефановска по повод својот роденден домот го претвори во временска машина: Се’ беше специјално, од костимот на славеничката, па се до амбиентот (фото)

ТВ водителката Елена Стефановска не се штеди на енергија, замисла, реализација и секако пари.

Таа и нејзиниот сопруг Бојан често имаат повод за забава, а овој пат причината беше нешто големо – роденденот на Елена.

За годините тука воопшто не станува ни збор, а нели и воопшто не се важни, па акцентот беше ставен на се’ осанато кое го подготвила таа и тоа во стилот на „Големиот Гетсби“ инспирирана од времето на декадентните забави, филмот, а и романот.

Домот таа го претвори во временска машина од која присутните се вратија во 20-тите, облечени по дрес код кој е адекватен на замислата.

Фустани за танцување со многу светки, кристали и реси, крзно, блескави дијадеми, пердуви и бисерен накит, беа само некои од деталите кои преовладуваат на гала забавата.

Од приложеното може да се види дека не недостасувало ништо за се’ да биде онака како што славеничката замислила и посакала.

На Елена само и остана да ужива со најбилиските и сакани луѓе и секако со саканиот кој ја опсипа со бакнежи.


Забвата била на ниво, а нема сомнеж дека овој роденден ќе им биде за паметење…

фото:Instagram printskrin/Elena Najdoski

To top