Алпинистката и сликарка Илина Арсова од пред неколку месеци реши да тера кариера, доби професорска стипендија и замина преку океанот, но со тоа замина и љубовта со Игор Џамбазов.
Оваа вест за нивното ракинување не им се допадна на многмина кои беа фанови на љубовниот спој, но што е, тука е, тој во Стрезовце, таа во Америка или секој по своето.
Периодов на Инстаграм профилот на Илина веќе нема нови колаж фотографии од видео разговорите со Игор, но има доста мотивациони видеа кои таа ги објавува за своите верни следбеници кои сакаат да ја доведат линијата во топ форма.
Илина редовно им објавува мотивациони спортски вежби во домашен амбиент. Она што таа го порави не е за секого, бидејќи нејзе и нема рамна, но колку толку успева да прати позитивна вибрација и мотивација. Од последните предизвици на листа беа стомачните мускули за 30 дена.
-Што велите за вежбање стомачни? Не секој ден се чувствуваме мотивирани (како денес сигурно не), но дисциплината е круцијална! Запомни: многу нешта во животот не доаѓаат сами- пишува Илина.
А дисциплина кај неа има за извоз!
Дека е така покажа со резултатот од камен стомачните кои успеа да ги направи не за 30, туку за само 10 дена.
-Покажете го вашиот прогрес, напиша таа во описот на фотографијата каде позира со крената маичка, а глетката едноставно „страшна“.
Тешко кој би се осмелил да се спореди со неа, но барем сме сигурни дека оваа јака женска успева да мотивира барем дел од нејзните следбеници на Инстаграм кои редовно и се восхитуваат на нејзината издржливост, изглед, принципи во животот…
фото:Инстаграм принтскрин/ilina_arsova