Мегафон

Никола Мицевски со концертна промоција на музиката од неговиот албум „Нова ера“ во Велес

Никола Мицевски со концертна промоција на музиката од неговиот албум „Нова ера“ во Велес

Општина Велес со гордост ве кани на концертна промоција на албумот “New era” на маестралниот Никола Мицевски. Пред велешката публика ќе се претстави оваа сабота, 18 февруари со почеток во 20 часот во Театар “Ј.Х.К. Џинот”, придружуван од 40тина врвни музичари и хористки на сцена.

Специјални гости на концертот ќе бидат Дамјан Пејчиноски и хорот “Св.Кирил и Методиј” – Велес, под диригентската палка на Веселинка Маџарова.

Билетите се во продажба на билетара во Театар “Ј.Х.К. Џинот”, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

„Со гордост ви најавувам дека концертната приказна “Нова ера”, на 18.02.2023 публиката ќе има можност да ја чуе и види на сцената во театарот “Ј.Х.К. Џинот”во Велес!!
Сцената ќе биде исполнета со петнаесетина мои колеги, познати професионални музичари со кои заедно неодамна концертно ја промовиравме оваа музичка приказна. Сцената ќе ни ја надополнат и збогатат дваесетина членовите на хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес!
Ве очекувам во голем број да дојдете и заедно да го уживаме албумот “Нова ера”
Специјален гостин ќе биде еден од најдобрите гитаристи во државата и пошироко – Дамјан Пејчиноски!
Велес, се гледаме!“ – порача музичкиот уметник во својата покана до јавноста.

To top