Анѓелка Прпиќ деновиве е една од главните теми на јавноста, откако се шпекулираше дека останала во друга состојба со најдобриот пријател на поранешниот сопруг.
Актерката до неодамна не се експонираше јавно, а многумина изненади кога реши на настанот во главниот град да се појави со новиот партнер Марко Жугиќ. Иако е во шестиот месец од бременоста, би се рекло дека Анѓелка е многу активна трудница, а сега почна лавина од коментари со нова објава на социјалните мрежи.
Имено, еден корисник на Инстаграм на својот профил објави фотографија со актерката на која и двајцата се држат за стомак, а таа сцена насмеа многумина.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Анѓелка неодамна призна дека психологот многу и помага и дека дури сега го живее животот по свои правила.
– Редовно одам на психолог. Првпат се консултирав со психолог пред пет-шест години, односно кога имав триесет. Ми помогна, навистина одам редовно. На почетокот одев од место до место додека всушност не сретнав некој што ме засака – изјави тогаш таа.
Огромно внимание привлече веста дека Анѓелка Прпиќ забременила со најдобрио пријател на нејзиниот поранешен сопруг, а на таа тема неодамна проговори и нејзиниот татко.
фото:Инстаграм принтскрин/zoksigile82/andjelkap