Пејачот Аца Лукас реши оваа година да заврши уште еден проект, поточно пишување на втора книга. Според медиумите, фолк ѕвездата ќе го напише вториот дел од книгата. Овој пат посочниот и попровокативниот за сексуалниот живот и тоа со познати дами. Оваа идеја ја имал кога ја завршил првата книга, меѓутоа, коцките не се поклопиле да заврши се како што планирал, со оглед на тоа дека има премногу обврски, но оваа година дефинитивно ќе биде во неговиот знак.
Фолк пејачот со новата книга, продолжение на неговата биографија ќе привлече уште поголемо внимание во јавноста. Во продолжението наводно ќе најдете повеќе сочни детали од неговиот живот, а медиумите пренесуваат дека „ќе биде јасно за кои жени и девојки зборувал“:
„Конечно, правата вистина ќе излезе на виделина за сите негови љубовни врски, авантури и пресметки за една ноќ. Аца никогаш не бил човек кој го криел својот живот од очите на јавноста, па веројатно затоа многумина сакале да му се закачат на негов грб и да бидат на насловните страници. Секако дека предничат разно разните анонимни девојки, старлети, пејачки… Тие тврделе дека биле во врска со Лукас, а имало и такви кои и на медиумите им кажале каков е тој во кревет за една ноќ“, рекол изворот и додал дека „Таквите шпекулации го мотивирале Лукас да го напише вториот дел од својата автобиографија“.
Фото: Принтскрин/Премиера