Поранешната учесничка во ријалити Сања Станковиќ вчера во несвесна состојба била примена на Ургентниот центар. Според извештаите, не е познато што и се случило на старлетата, ниту пак од што се слошило.
– Сања во несвест е пренесена во Ургентен центар, сѐ уште не се знае за што се работи. Беше бледа како крпа – открил извор од местото на настанот.
Да потсетиме, Сања Станковиќ неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледаат конци на усните, по интервенцијата на отстранување на силиконот, односно биополимерот од усните.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сања Станковиќ