Светски познатата пејачка Ријана на својот спектакуларен настап на „Супер боул“ откри дека е бремена по вторпат, а веста го обиколи светот.
Девет месеци откако го роди своето прво дете, Ријана повторно ќе стане мајка, а трудничкото стомаче од црвениот стајлинг беше во фокус.
Веста допре и до нашата пејачка и трудница, Антониа Гиговска која се почувствува поврзана со Ријана, по трудничка и пејачка линија.
Имено, вчеравечер медиумите беа преплавени со текстови, фотографии и видеа од настапот на Ријана, а пак јавноста очекувано реагираше и коментираше. Еден од коментарите кој ја погоди Антониа беше:
-Ќе има сега повеќе материјал и Ријана и Антониа, како ќе постигнеме?- гласеше напишаното, а Антониа го прочита, па така иритирана не додржа да не возврати и да го сподели на своите „стори“ на Инстаграм.
-Е стварно нема смисла значи… Како ли ќе постигнат сега? – иронично напиша Гиговска, веројатно чувствителна на темата, па се почувствува прозвана.
Меѓудругото, бидејќи беше ставена во ист кош со Ријана, Антониа сакаше и јавно да и прати честитка за бременоста на колешката:
-Честитки кралице,пишува Антониа означувајќи ја светски позната пејачка со која од една објава се најдоа така блиску, а толку далеку.
View this post on Instagram
За потсетување, Антониа Гиговска неодамна за својот 22-ри роденден откри дека е бремена и го чека своето прво дете со колегата од бендот, клавијатуристот Роберт Спасенцоски.
Медиумите пишуваа, а јавноста коментираше, но идните родители беа воздржани. Овој пат трудничките хормони на Антониа проработеа посилно, па не остана воздржана како по обичај.
фото:Instagram printscreen/Antonia Gigovska/Profimedia