Веста дека Ана Ивановиќ е бремена по третпат со голема радост ја дочека семејството на тенисерката и нејзиниот избраник, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.
Никој не очекуваше дека поранешната спортистка ќе сака да го прошири семејството, но тоа е нешто што очигледно го чуваше во тајност од сите.
View this post on Instagram
Се претпоставува дека Ана и Бастијан, во желбата да станат родители на девојче покрај две момчиња, Лука и Леон, си ја пробале среќата по третпат.
Дека Ана Ивановиќ по третпат е бремена стана познато преку „Инстаграм“ профилот на спортистката која со следбениците сподели фотографија со сопругот додека ја гали по стомакот. Се чини дека тенисерката е веќе во четвртиот, ако не и петти месец.
Таа и нејзиниот избраник се уште не го откриле полот на бебето, се верува дека оваа информација ќе ја споделат преку социјалните мрежи за неколку месеци.
фото:Инстаграм принтскрин