Жените и годините, две нешта кои не баш одат заедно кога тоа треба јавно да се каже.
Сепак, не секоја припадничка на понешниот пол има проблем да ја открие возраста.
Една од нив е фолк пејачката Татјана Лазаревска која за својот 48-ми роденден направи роденденска забава и тоа тематска, во црвено, а во фокуст разбирливо беше само таа.
View this post on Instagram
Дека тоа беше така покажа и со изборот на роденденската торта на која имаше фигура од самата себе, која е главниот детаљ на тортата.
Беа истакнати и балони со бројот 48, а славеничката за слаткото задоволство мораше да се пофали и јавно му се заблагодари на слаткарот за делото.
View this post on Instagram
Татјана Лазаревска секојдневно го слави животот со песна, а роденденот беше повод плус за да секојдневието да и биде уште поубаво.
фото:Инстаграм/татјана Лазаревска