Во пресрет на празникот Св.Валентин, ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска, напиша куса, ама моќна порака до саканиот.
Средината од месец февруари е резервиран за акцентирање на Денот на заљубените, па оние кои го слават се окупирани со наоѓањето на вистинскиот порадок за него или за неа.
Но, понекогаш и само зборови и постапка, но оние вистинските се сосема доволни за да се покаже емоција и тоа не само на конкретен датум. Водителката Сања е во долгогодишна врска со својот сакан Томи на кого му напиша моќна љубовна порака која гласи:
View this post on Instagram
-Со вистинската личност секој ден е Валентин, кратко и јасно напиша Сања дополнувајќи со хаштагови како: „мојот супер Томи“, „ само ние двајцата“, „Секој ден и секаде“…
Во прилог на ова беше и нивна заедничка фотографија каде позираат насмеани еден до друг.
Во зависност од личноста и карактерот, понекогаш доволни се само зборови, оние вистинските, за задоволството и вниманието да бидат онолку колку е потребно. Мартијалните нешта остануваат само матријални, а оние вистинските се се длабоко во нас!
фото:Инстаграм/Сања Савеска