Лице в Лице на „Жешко столче“

Дијана Оу-Џи по излегувањето од најгледаното ријалити: „Во ‘Задруга’ не може да биде чисто кога таму живее стока, а старлетите се многу повалкани од мажите“ (ВИДЕО)

Дијана Оу-Џи по излегувањето од најгледаното ријалити: „Во ‘Задруга’ не може да биде чисто кога таму живее стока, а старлетите се многу повалкани од мажите“ (ВИДЕО)

Откако и заврши учеството во најпопуларното регионално ријалити „Задруга“, македонската поетеса и (т)раперка Дијана Дурлевиќ, позната под естрадниот прекар Дијана  Оу-Џи    ( Diana OG)  реши  малку да одмори од се што таму и се случуваше иако ова ново искуство за неа како да беше добродојдено.

Уште додека беше во „Задруга“ таа му гостуваше на колегата Фокс во неговата нова песна и видеото насловени „Недостајеш“, која постигна прилично забалежителен успех, а сега Дијана подготвува нешто сосема свое и ново работејќи во своето новоотворено домашно студио, кое би требало да го промовира наскоро.

Во меѓувреме русокосата скопјанка ја смени и својата адреса, па сега всушност живее на реалација Скопје-Белград, зашто, како што самата вели, Скопје и Македонија и се во срцето, ама Белград и Србија се многу подобри за работа и правење кариера.

За тоа како си помина, што доби и доживеа, што виде и што научи во „Задруга“, за тоа колку српските старлети се чисти, а колку дрски, за идните планови во кариерата, за љубовта, сексот и идните врски во најава, за тоа дали дефинитивно се сели во Белград или во српската престолнина ќе има само чести екскурзии, затоа од што подобро се живее од музика или разголување на најзината„Онли фанс“ страница за возрасни, за социјалните мрежи воопшто…

…И уште за многу други нешта што некој друг можеби и би ги премолчел, Дијана Оу-Џи ги раскажа откако седна на „Жешкото столче“ (КЛИКНИ ТУКА):

To top