Христијан Настески во јавноста познат под уметничкиот прекар „Пајак“ е талентирано момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, а пополека но сигурно го освојува Балканот. Инаку тој е студент во прва година на студиите по информатика.
Со музика започнал да се занимавам уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.
На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова заедно во дует на сцената ја претставија нивната најнова заедничка песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит буквално во целиот регион.
Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за истата, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и пошироко… Речиси насекаде низ Балканот.
Во ексклузивно интервју за естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ”, Пајак откри дека “Бела” е песна која еднаш се случува и дека следува уште еден дует со Лара, а во меѓувреме наскоро излегува и дуетот со познатиот српски изведувач МС Стојан.
Што се’ друго кажа Пајак, проследете во видеоинтервјуто во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):