Пејачот Бојан Маровиќ е на сцената цели две децении, а извесен период беше и во медиумскa илиегала. Не е од оние кои го ставаат приватниот живот на тацна, а ретко кој не знае дека се дружел со Тоше Проески.
Нивното пријателство никогаш не го користел како реклама, а на денот на роденденот на Тоше, Бојан се сети на нивното пријателство.
View this post on Instagram
– Навистина ја мразам таа уморна флоскула, кога некој го нема, велат дека сме биле големи пријатели. Неговите пријатели се во Крушево, луѓе со кои пораснал, завршил училиште и дури бил со нив на тој кобен ден. Бев негов многу добар пријател, некој што го ценеше како музичар и тој мене, се разбира. Нашите разговори беа најмногу за девојки и музика – изјави Бојан.
View this post on Instagram
Маровиќ без двоумење раскажа какви разговори воделе и истакна дека никогаш не припаѓале на тој забавен свет кој својата приватност ја презел во јавноста.
– Имаше се’, сакавме да зборуваме за тоа колку е убава оваа жена, колку е убава онаа, дали ја познаваш, дали е добра девојка и слично, но повеќе разговаравме за нашата музика. Тој, како мене сега, не можеше да ја поднесе естрадата, не можеше да ги поднесе тие приказни, јас сум тој тип, не сум шоумен, ниту пак сакам да зборувам за шоу, грдо ми е – рече Бојан во емисијата „Премиера“.
фото:Инстаграм/Бојан Маровиќ/Тоше Проески