Промотер

Битолчанецот Менде Куновски со модерна серенада – „Мастило“ (ВИДЕО)

Битолчанецот Менде Куновски со модерна серенада – „Мастило“ (ВИДЕО)

Како и што беше најавено, одличната песна „Празен календар“ на битолчанецот со ангелски глас – Менде Куновски доби продолжение… Овојпат таа носи наслов „Мастило“…

Некој можеби ќе каже – модерна серенада и искрено нема да згреши, но едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека ова  музичко дело е буквално за сечиј вкус…

А како и да не биде , кога Менде повторно избра да соработува со веќе докажани и квалитетни автори.

Текстот го напиша  Борче Нечовски, а музиката е дело на  Суад Хусеин – Цуле, додека пак аранжманот го изработи Ташко Грујовски.

Особено сме сигурни дека ќе се памети фразата од текстот, која вели: „Не сум сретнал жена како тебе, што ме љуби, а ништо не бара“…

„Многу сум пребирлив кога треба да изберам песна за себе и поради тоа не вадам песни на секои три месеци. Оваа екипа со која работам ме познава доволно добро и знае што може да ме „погоди“. Јас сум презадоволен, реакциите на најблиските пријатели, соработници се позитивни, а такви ќе бидат се надевам и на публиката кога ќе ја слушне оваа песна“ – вели Менде.

За оваа нова Менде сними и видеоспот, кој го изработи „Арт продукција, а во кој се појавува и убавата Анита Јовчевска.

Инаку Менде тука незапира, тој наскоро ќе ја изненади публиката и со нова тамбурашка песна и тоа со негова колешка од Србија. До тогаш познатиот битолчанец може да го видите и слушнете во живо на многубројните негови настапи ширум нашата земја, а таа привилегија ја имаат и нашинците во Канада и Шведска, каде тој честопати настапува…

Уживајте во „Мастило“, а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете на вашите социјални мрежи (КЛИКНИ ТУКА):

To top