Радио Милева никој не и се додворува...

Бившиот сопруг и се ожени, а пејачката ниту еден маж ни да ја погледне: Ана Кокиќ „остана сува“ – во последно време никој не ја ни „мува“ (ФОТО)

Бившиот сопруг и се ожени, а пејачката ниту еден маж ни да ја погледне: Ана Кокиќ „остана сува“ – во последно време никој не ја ни „мува“ (ФОТО)

Пејачката Ана Кокиќ пред четири години се разведе од ватерполистот Никола Раѓен со кој ги има ќерките Нина и Теа, а по пропаѓањето на бракот не се појави ниту еден маж кој повторно ќе го освои нејзиното срце.

Ана вели дека во последно време мажите дури и не и се додворуваат и дека засега единствено друштво и се нејзините домашни миленици. „Само мачките што ги собрав од улицами прават друштво, но што се однесува до некоја машка личност – не. Никој не ми се додворува во последно време, што би рекла Сања Вучиќ – никој не флертува со мене, не ме мува“ – изјавила пејачката.

Од друга страна, поранешниот сопруг на Ана, Никола Раѓен  најде нова љубов. Кон крајот на декември 2022 година тој се ожени со пејачката Милица Ристиќ со која очекува син.

По разводот, Ана и Никола останаа во пријателски односи и заедно се грижат за своите ќерки, а пејачката извесно време не ја заобиколија ниту прашањата за нејзиниот поранешен сопруг и неговата нова избраничка.

„Мислам дека е навистина непотребно да се споменуваме ние двајца во кој било контекст. Ние сме родители на нашите девојчиња и тоа е се. Сега тој е оженет и чека дете. Сакам да ја почитувам неговата сопруга и него и повеќе да не зборувам за Никола“ – изјави неодамна Ана Кокиќ, а и Никола еднаш истакна дека пејачката е прекрасна личност и одлична мајка.

Фото: Инстаграм принтскрин/anakokicmusic/_milica_radjen

To top