Пике ќе добие уште една драма во животот на која веројатно не се надеваше, пишуваат социјалните мрежи откако беше откриено дека Шакира наскоро ќе објави уште една песна која ќе биде против нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.
Со недели се зборува за колумбиската пејачка и песната „Music Session Vol. 53“ во која таа пее за тоа како Пике се однесувал во врската, а меѓу другото навести и како заменил „Ферари за Твинго“.
Пике ја изневерил со студентката Клара Чиа Марти (23) со која пензионираниот фудбалер оваа недела објави фотографија на Инстаграм со која и официјално потврди дека се заедно.
View this post on Instagram
Песната на Шакира стана хит, а може да стане и новата песна која таа ќе ја објави на посебен датум – 2 февруари.
Имено, следниот четврток и Шакира и Пике слават роденден, па тоа ќе биде „совршен“ подарок за двајцата.
Шакира и Карол Џи напорно работеа на песната. Спотот го снимале само за два дена, но снимале по 15 часа дневно.
Шакира во новата песна треба повторно да се повика на бившиот и да зборува за тоа како и било со него со кој има два сина. Сепак, овој пат тоа ќе биде на посуптилен, подиректен начин.
фото:Printskrin You tube/Instagram