За изгледот на Меган Маркл на венчавката на 19-ти мај се уште се зборува, а најпознатата невеста на планетата се појави вчера на официјалната прослава за 70-от роденден на принцот од Велс во Лондон.
Меган за оваа прилика се појави во класична крем-бела комбинација и елегантни обувки.
Но, она што сите го забележаа беа белите хулахопки и шапката која и даде посебен печат дека веќе е принцеза.
Јавноста, а особено Англичаните го чекаа овој момент да ја видат новата принцеза која на три дена по свадбата се појави на роденденот на принцот Чарлс.