Радио Милева педагошки мерки

Емина Јаховиќ проговори за воспитувањето на синовите: „Постојано ги лажам децата“

Емина Јаховиќ проговори за воспитувањето на синовите: „Постојано ги лажам децата“

Поп пејачката Емина Јаховиќ долги години живее во Истанбул каде, како што откри, често се чувствува осамено. Емина пристигна во Белград специјално за нејзиниот настап на MAC, регионално доделување на музички награди и за Ало! откри како изгледа нејзиниот живот во Турција. Во продолжение Јаховиќ проговори и за врската со синовите Јаман и Јавуз која ја имала со поранешниот сопруг Мустафа Сандал.

– Живеам во земја која не е моја. Во Истанбул се чувствувам осамено – признала Јаховиќ, па објаснила што е потребно за да се види со нејзините пријатели:

– За да дојдат моите пријатели, мора прво да се качат во авион, потоа да ги координираме времињата кога некој е слободен. Кај мене не постои: „Застани на кафе или ќе се сретнеме таму тогаш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Емина е самохрана мајка и призна дека во воспитувањето на синовите користи и недозволени средства како лаги кои ги нарекува бели и ги смета за неопходен педагошки метод.

-Постојано ги лажам децата – низ насмевка изјави поп пејачката и објасни кога и зошто го прави тоа:

-Кога ќе ме прашаат нешто што не им одговара на нивната возраст и сакаат да им објаснам, тоа го завиткувам во бела лага. Јас сум интуитивна личност, па лесно препознавам кога ме лажат, но им простувам на нивните бели лаги.

Поп-ѕвездата не сакаше да зборува за својот поранешен сопруг Мустафа Сандал со кој е на суд за алиментација и неговиот нов брак, но нагласи дека се во добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

– Не стигнав да му честитам на Мустафа за неговиот брак. Се уште си се судиме, но за доброто на децата сме океј. Мораме, но животот продолжува и секој си живее свој живот – објаснила Јаховиќ и открила дека била емотивно исполнета.

Емина Јаховиќ наскоро ќе издаде нов албум и тоа за Ало! откри каде ја нашла инспирацијата за новиот проект.

– Љубовните турбуленции секако беа инспирација за новиот албум, но не само тоа, туку и настани од минатото. Не ме инспирираат само емоциите од мојот живот, туку и емоциите на луѓето кои ме опкружуваат – објасни таа.

фото:Инстаграм/Емина Јаховиќ

 

To top