Емина Јаховиќ се појави во МАC, а пред припадниците на седмата сила го покажа новото издание.
Според многумина, убавата пејачка никогаш не изгледала подобро, а на овој гала настан блесна во необичен костум со принт на зебра. Сите погледи беа вперени во неа.
Покрај нејзиниот стајлинг, нејзиното ново издание привлече око на многумина, а некои мислеа дека лицето на пејачката е поинакво.
Пред почетокот на настанот, таа на толпата им откри дека е заљубена.
– Заљубена сум! Секогаш сум заљубена – откри пејачката пред камерите на доделувањето на музичките награди.
Меѓутоа, едно прашање не и одговарало, а било поврзано со нејзиниот поранешен партнер Мустафа Сандал. Таа конкретно им кажа дека не сака да го споменува.
фото:Инстаграм принтскрин/Емина Јаховиќ