Радио Милева нов живот

Тара Симов со емотивна порака обелодени дека е бремена: Ријалити ѕвездата со македонско потекло чека бебе (ФОТО)

Тара Симов со емотивна порака обелодени дека е бремена: Ријалити ѕвездата со македонско потекло чека бебе (ФОТО)

Ријалити ѕвездата со македонско потекло и од неодамна ТВ водителка Тара Симов вчера на нејзиниот Инстаграм профил објави дека е во четвртиот месец од бременоста, а сето тоа реши да го потврди и поддржи со фотографии од трудничкиот стомак.

Таа објави заедничка фотографија со нејзиниот избраник и го покажа стомачето, а во раката го држеше ултразвукот од бебето.

Неочакувано, поранешната контроверзна задругарка одлучила да го промени нејзиниот живот и да стане мајка, па гордо објави дека таа и нејзиното ново момче Данило ќе станат родители.

Тара сподели подолга емотивна порака со која трогна многумина, бидејќи се повика на нејзиниот здравствен проблем, поради кој била убедена дека се мали шансите  да се исполни во улогата на мајка.

„Да, Да , Да! Ќе бидеме родители! Искрено не знам од каде да почнам, ниту што да кажам. Оние кои ме следат, знаат дека пред неколку години се помирив со фактот дека можеби никогаш нема да бидам мајка, поради нецелосно развиената работа на јајниците и матката. Меѓутоа, на славата на моето семејство, ја дознавме најубавата вест на светот“ – напиша доскорешната ријалити ѕвезда. 

Додека во продолжение пишуваше:

„Четири месеци се боревме да го задржиме бебето здраво, бидејќи поминувавме низ ризична бременост и многу компликации, сепак официјално сега се е во ред! И јавно ќе му ветам на нашето бебе дека ќе биде најсреќното дете на светот! Секоја болка што можеби сме ја поминале, секоја солза ќе ја зоборавиме! Љубов моја, ти благодарам за целиот труд и нерви во последниот период и најсреќна сум што ти си тој! А за само неколку месеци цел свет ќе биде наш, ти, бебето и јас“ – напиша Тара Симов на  „Инстаграм“.

Инаку, Тара често ја посетува родната земја на нејзиниот татко и меѓу другото таа со новото момче ја дочека и новата година во Македонија, во еден познат скопски ноќен клуб.

Нејзиниот стајлинг беше доста впечатлив, во црна мрежеста гардероба која повеќе откриваше отколку што покриваше.

 

Старлетата тогаш наговестувала со нејзината порака: „Нова година, нова јас“ но, додека сите помислија  дека повторно ја надоградила нејзината предница која гордо ја покажуваше, таа алудирала на нешто сосема друго. И латентно кажувала дека сега е само малку поправена тврдејќи дека во последно време добро се хранела.

Но, секако тогаш никој не се посомнева во нејзината животна промена – бременоста и мајчинството кое наскоро ја очекува.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Тара Симов

To top