Таа е една од најпознатите пејачки на нашата естрада, со одлични песни кои се пејат од прва до последна.
А кога станува збор за приватниот живот, Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар пред две години станаа родители на своето прво дете, ќеркичката Хана.
Малата Хана неодамна наполни две години, а сега Тамара за порталот Жеснки магазин откри дека е бремена со своето второ дете.
Пејачката истакна дека се уште не го знае полот на своето бебе, но таа и нејзиниот сопруг се пресреќни што нивното семејство ќе се прошири за уште еден член, а Хана што ќе добие братче или сестричка.
фото: Фејсбук