Радио Милева штркот слета

Второ, па машко: Бали Бег и Неџла повторно се топат од среќа – им се роди син

Второ, па машко: Бали Бег и Неџла повторно се топат од среќа – им се роди син

Еден од најубавите турски парови Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрије Евџaн добија втор син. Тие на почетокот на јули 2022 година објавија дека нивниот двегодишен син Каран наскоро ќе стане постар брат, а веста за раѓањето се уште не ја потврдиле.

Бали-бег и неговата сопруга се решиле за името Керем, а како што пренесуваат медиумите во Турција, Фахрије се породила на 18 јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

На крајот на минатата година Бурак и Фахрије споделија неколку семејни фотографии на Инстаграм, а во преден план е трудничкиот стомак на убавата актерка.

Бурак и Фахрије се во брак пет години, а често ги следеле приказни за несогласувања и проблеми, а се споменувало и неверство. Се зборуваше дека Бурак се зближил со 45-годишната актерка Тара Рид, која ја игра главната улога во филмот, за време на снимањето на трилерот „Печурката на Маша“.

фото:Инстаграм/burakozcivit

To top