Радио Милева разочаран...

Некогаш беше познат српски пејач кој ниже хитови, а сега мие чаши зад шанкот во Барселона: „Немам желба да се вратам меѓу тој полусвет во Србија“ (ФОТО)

Некогаш беше познат српски пејач кој ниже хитови, а сега мие чаши зад шанкот во Барселона: „Немам желба да се вратам меѓу тој полусвет во Србија“ (ФОТО)

Актерката Тамара Драгичевиќ вчера преку Инстаграм покажа како некогашиот пејач и син на Драги Јелиќ од легендарните  „Ју група“ – Алекса Јелиќ, работи како шанкер во локал во Барселона.

Музичарот и балетски уметник пред неколку години се преселил во Шпанија, каде што отворил ресторан заедно со братучетките, но доживеал пех уште на самиот почеток на бизнисот. Имено, тој по само три недели морал да го затвори ресторанот поради пандемијата на корона вирусот, многу вложил а не можел ништо да заработи.

„Во одредени години се прават одредени потези. Ништо не сменив, затоа што еднаш пејач, цел живот пејач, еднаш балетан, цел живот танчер. Само што додадов уште една моја можност на постоечките, што е мал семеен бизнис“ – рече Јелиќ.

 

Алекса Јелиќ неодамна откри зошто нема желба да се врати во Србија.

„Што се однесува до следниот период, немам желба да ја посетам Србија. Посебно кога гледам во што се претвори државата, луѓето во неа, полусвет од реални шоуа кои стануваат пример за младите, кафеански фолкери кои ги нарекуваат шоу-забавувачи“ – рече тогаш.

„Убавините на Барса се добро познати и верувајте дека ми се доволни. На човек не му треба ништо повеќе од ова“.

фото: Инстаграм принтскрин/tamaradragicevic/aleksajelicmusic

 

To top