Познатиот мексикански актер Фернандо Колунга многумина го паметат по улогите во латиноамериканските сапуници, додека се прослави со улогата на Хозе Армандо Пењареал во култната „Есмералда“. Фернандо важеше за голем заводник, а денес, кога има 57 години, и се уште може да се пофали со добар изглед.
Сними повеќе од 200 улоги во филмови и серии, глуми и денес, а магазинот „Glamour“ две години по ред го прогласува за најатрактивен актер.
View this post on Instagram
Покрај тоа, тој беше еден од најплатените актери. Исто така, Колунга играше многу забележлив лик во серијата „Злобница“.
View this post on Instagram
Сепак, неговиот живот не е бајковит како што изгледа. Актерот доживеал семејна трагедија кога татко му починал од рак на дебелото црево пред две години. Неговата здравствена состојба се искомплицирала за време на пандемијата на коронавирус и поради тоа никој од членовите на семејството не можел да биде во болницата во Мексико.
View this post on Instagram
Најинтригантното нешто во неговиот живот е тоа што се шпекулираше дека е геј. Сепак, тоа се покажа како празни муабети, но тој се уште не ја најде својата сродна душа.
фото:Инстаграм/Фернандо Колунга