Иако една од најголемите ѕвезди никогаш не проговори за тоа, Виктор Живојиновиќ објави фотографии со кои ги потврди шпекулациите.
Како што е наведено, Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ пред една година купиле цел кат во луксузна кула во една од најелитните населби во Нов Белград. Наводно за овој луксуз потрошиле дури 600.000 евра, а нивниот наследник Виктор сега првпат покажа делови од станот.
Виктор на својата приказна најпрво ја објави прекрасната глетка од 40-тиот кат на цел Нов Белград, а она што се издвојува на неговата фотографија е зајдисонцето и реката Сава.
Најмладиот Живојиновиќ фотографирал и дел од луксузно опремениот пентхаус, дел од дневната соба, која покрај ситни детали, најчесто е украсена со дела од модерната уметност.
Тоа што Живојиновиќ си го уреди катчето по своја мерка доволно зборува, па влезот во дневната соба го краси огромна фотографија од Тајсон, направена во урбан стил.
Да потсетиме, пред една година, Брен и Боба купија прекрасен пентхаус во една од највисоките згради во Белград, за кој, според шпекулациите, искешираа повеќе од половина милион евра, поточно 600.000 евра, како што пишуваше „ Телеграф“ .
Очигледно, балканската ѕвезда и нејзиниот сопруг останале во куќата на Бежанијска коса, а најмладиот син Виктор се преселил во луксузен пентхаус.
Фото:Принтскрин/Инстаграм