Синот на Дара Бубамара, Константин Кесиќ успешно го заврши првото полугодие, па неговата горда мајка реши да го почести со убаво патување за празниците. Моментално уживаат во шармот на Дубаи, а во исто време ја искористија можноста да ги посетат знаменитостите во пустинската област која го опкружува градот.
Егзотично патување, секако, бара и егзотичен костим, па пејачката ја заштитила главата од сонцето со турбан, додека момчето ставило карирана марама.
Синот на Дара Бубамара минатата година наполни 13 години и веќе е забележително повисок од неговата мајка, која не сака претерано да го експонира во медиумите, иако сака да зборува за него.
– Коста е мојот најголем успех во животот. Тој оди во англиско училиште во Белград, зборува англиски, француски и шпански. Сакам што има српски и француски пасош – вели Дара Бубамара, која и по разводот остана во пријателски односи со таткото на Коста, Милан.
– Порасна во убаво, добро и воспитно момче, кое не е арогантно, туку скромно. Нема кој да се разгалува. Добар ученик е, тренира – оди на ватерполо и атлетика.
Има спортски дух и често ми вели: „Мамо, сакам да успеам поради тебе и тато“. Тој сака да стане познат фудбалер.
View this post on Instagram
Многумина забележаа дека пејачката од Нови Сад во последните години изгледа значително поинаку отколку на почетокот на кариерата, а сака да нагласи дека најмногу работи на позитивна енергија.
– Имам ужасна самодоверба. Луѓето ја сакаат мојата добра луда енергија. Коста ми вели: „Мамо, знаеш ли зошто те сакаат? Затоа што вие си една душа“.
фото:Инстаграм/Дара Бубамара