Пејачката Јелена Карлеуша се посрамоти пред камери, а снимката брзо се прошири на Интернет. Јелена пред неколку дена даде интервју за една албанска телевизија, а екипата на емисијата и подари книга за Мајка Тереза.
-Знам се за неа, кажа Јелена во таа прилика на англиски јазик.
Пејачката потоа пред камерите на ТВ „Прва“ сакаше да се пофали со подарокот, меѓутоа се случи спротивното.
-Ми дадоа книга која ја напишала мајка…мајка… – почнува да се мисли Јелена, не знаејќи кој е авторот на книгата. Присутните почнаа да и шепотат дека е во прашање Мајка Тереза, а нејзе тоа дополнително ја збуни.
Молам?, кажа збунето пејачката која и не ги дослушна добро, а кога сфати што и зборуваат кратко одговори „Тереза“.