Радио Милева не остана должен

Војна со скандалозни размери: Шакира немилосрдно го прозва во нејзината нова песна, а Пике бурно и возврати (видео)

Војна со скандалозни размери: Шакира немилосрдно го прозва во нејзината нова песна, а Пике бурно и возврати (видео)

Жерард Пике продолжува да возвраќа на провокациите кои поранешната сопруга, пејачката Шакира му ги упати преку нејзината најнова песна.

Во песната, која за четири дена има над 122 милиони прегледи, таа говори и за неговата нова врска со Клара Марти.

„Преголема сум за тебе, затоа си со некој како тебе“. „Замени Ферари за Твинго, Замени Ролекс за Касио“, се само дел од стиховите од песната на Шакира.

-Кога ми требаше, ми ја даде најлошата верзија од себе, пее понатаму Шакира, а овој дел го поврзуваат со периодот на нивната разделба кога во исто време нејзиниот татко беше хоспитализиран во тешка здравствена состојба.

Откако се појави во емисија со Касио часовник, сега Пике на работа пристигна со нов автомобил, бело Твинго.

Од возилото излезе со насмевка и ги поздрави новинарите.

https://youtu.be/FVLRwHQxE2U

Шакира и Пике во јуни 2022 година објавија дека се разделуваат по 11 години поминати заедно. Парот има два сина на возраст од 9 и 7 години.

фото:Принтскрин Јутјуб

To top