Пејачката и поранешна учесничка во реални шоуа Ирма Сејраниќ се огласи на Инстаграм и жестоко ја осуди пејачката Дара Бубамара.
Имено, Сејраниќ се огласи преку Инстаграм приказни и го напиша следново:
-Го сакам фотошопот на Дара Бубамара – напишала таа.
Ирма Сејраниќ се прослави со учество во реални шоуа и е позната по својот остар јазик, а зошто на овој начин ја коментираше пејачката Дара Бубамара се уште не се знае.
Да потсетиме, Дара Бубамара често е мета на критики поради наводното фотошопирање на слики, па често добива коментари поврзани токму со оваа тема. Дара еднаш ги коментираше наводите дека премногу ги уредува своите фотографии и видеа.
View this post on Instagram
– Гледам, продолжуваат да пишуваат дека сум фотошопирала ова и она, па другарка ми случајно ми го снимила задникот на плажа и едни пишуваат леле, други фотошоп, па како е фотошопирано видеото? Глупаци, не е важно стомачето е поголемо или помалото, важно е добро, а јас се дебелеам каде што треба – изјави неодамна Дара.
фото:Инстаграм