Радио Милева нов обид

„Точно е, потпишав договор“: Оваа старлета наскоро влегува во „Задруга“ и на многумина ќе им ги замрси конците (фото)

„Точно е, потпишав договор“: Оваа старлета наскоро влегува во „Задруга“ и на многумина ќе им ги замрси конците (фото)

Викторија Вики Митровиќ, поранешен член на „Задруга“, откри дека неодамна потпишала договор со „Задруга 6“ и дека се подготвува да се приклучи.

Вики призна дека на тој чекор се решила кога се скарала со Марко Осмакчиќ, поранешен соработник со кој остана бремена во претходната сезона на реалното шоу.

– Да, потпишав пред еден месец, во периодот кога се расправав со Марко, но сега психички не сум подготвена да влезам – изјави Викторија и додаде:

– Марко не се согласува да влезам, вели дека уште повеќе ќе се налутам и дека не ми треба – додаде Вики, а точниот датум на нејзиното влегување се уште не е познат.


Да потсетиме, Вики се нашла во центарот на скандал кога семејството на Марко ја лажирало смртта на неговиот татко за да го извлечат од „Задруга“, по што таа решила да абортира.

фото:Јутјуб принтскрин Задруга/Инстаграм

To top