Дарко Лазиќ долго време се бореше со вишокот килограми, кои во еден момент му се заканија по неговиот живот. По операцијата на желудникот, тој стана сосема друга личност и се посвети на теретаната и здравиот живот. Сепак, многумина мислат дека претерал со тренинзите, и дека сега е преслаб. Дарко ужива во врската со Катарина со која редовно посетува теретана, а нивните заеднички тренинзи очигледно влијаеле на неговиот изглед. Имено, пејачот очигледно се „исушил“, што најмногу се гледа на лицето и нозете на Лазиќ, покрај тоа ја сменил фризурата, односно ја пушти косата да порасне, што изненади многумина.
Дарко и Катарина објавија фотографија на социјалната мрежа Инстаграм и се пофалија со својата фигура, но многумина беа загрижени дека пејачот претерал и дека сега е преслаб. На реакциите за неговиот нов изглед не им се гледаше крајот, а социјалните мрежи беа преполни со коментари.
Меѓутоа, подоцна Дарко објави фотографија во кошула без ракави на која ги истакна извајаните мускули на рацете, па голема е веројатноста дека се е во ред со неговото здравје, а единствениот проблем е што не ги тренирал нозете.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Дарко Лазиќ/Ата Имаџес