Радио Милева најважната улога во животот

Среќни вести во семејството Ѓоковиќ – Сашка е бремена, а Новак ќе стане чичко (фото)

Среќни вести во семејството Ѓоковиќ – Сашка е бремена, а Новак ќе стане чичко (фото)

Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов ја сподели радосната вест. Имено, водителката и сопруга на Ѓорѓе откри дека е во блажена состојба и дека за 3 месеци ќе стане мајка, додека браќата на Ѓоковиќ ќе станат чичковци.

– За неполни 3 месеци во нашето семејство ќе пристигне засилувања и од тој момент ќе ја добијам најважната улога во мојот живот – ќе станам мајка. Не сакав долго да зборувам на оваа тема, избегнував јавни настани, иако се беше во ред со бременоста од првиот ден. Но за среќата навистина треба да се молчи – напиша Сашка и додаде:

– Сега кога веќе стана очигледно дека не можам да го сокријам стомакот, драго ми е што на овој начин можам и со вас да ја споделам најсреќната вест – заклучила Сашка на својот Инстаграм профил.

Инаку, Ѓорѓе и Сашка се заедно речиси две години, па тој неодамна реши да ја изненади својата поубава половина.

фото: Принтскрин/Инстаграм/ Сашка Веселинов

 

To top