Македонската ТВ водителка Снеже Велков секојдневно вежба, се храни здраво, постојано го јача телото… Pокажува јавно разни финти што ги практикува на социјалните мрежи, но овој пат таа решила и практично да го проба нејзиното тело за да го покаже резултатот од вежбањето.
Снеже реши „да покаже мускули“, па да го види исходот од вежбањето и од секојдневно вложениот напор дали е ефикасен и дава ли резултати? Иако водителката потајно веруваше дека мажите се физички поспремни, сепак се облече во сини тренерки и ја зеде секирата.
„Ти си ќерко татин син“ – гласно кажа Снеже па тргна да цепи дрва, за да се стопли во студената зима, веројатно во старата куќа во роднота Каменица. Но, некако цепењето не и тргна баш најдобро, па, мудрата водителка веднаш најде решение и сфати во што е штосот. Таа вешто откри каде лежи зајакот, па следниот пат ќе знае каде да ја побара, од каде да ја црпи силата.
„Во сукњата е силата, значи следен пат сукња да облечам“ – го напиша таа умниот одговор… Или само изговор ќе да беше?
Таа неодамна сними и видео каде повторно го тестираше своето тело во „грч студена“ вода да провери колку е издржливо и какви сѐ резултати дава вежбањето.
Храбрата водителка за време на Бадник се фрли во мраз ладната вода и за прв пат успеа да се искапе среде зима. Оти… така и текна!
View this post on Instagram
Блесаво
Будалесто
Боже,Боже..
Бегај ма!
Болест жива!
Бог да чува!
Браво!
Блазеси ти!
Блескај си!
Брррр..
Прв пат во животот се бањав во зима😀
Оти? Така ми текна“ – напиша во објавата.
Или ова зимско капење не беше туку така случајно, зашто Снеже можеби се подготвува да се фрла по крстот на претстојниот христијански празник „Водици“?
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков