Радио Милева секое ново поглавје се отвора со причина

Николина Пишек во жешко издание од Мајами: Водителката во танга костим за капење сподели емотивна порака (фото) 

Николина Пишек во жешко издание од Мајами: Водителката во танга костим за капење сподели емотивна порака (фото) 

Водителката Николина Пишек отпатува на Малдиви, од каде сега објави и фотографија на нејзиниот Инстаграм профил.

Минатата година Николина ненадејно го загуби сопругот Видој Ристовиќ, па ги сумираше впечатоците од 2022 година, која и беше многу тешка. По смртта на нејзиниот сопруг, таа се судри со неговиот татко Миша Гроф за наследството, а тој постојано упатуваше бројни обвинувања против неа.

Сепак, Пишек реши да остави се што е грдо зад себе и да продолжи понатаму, па сега објави фотографија во костим за капење и истакна дека годината што е зад нас била година на болка и разочарување за неа.

„На сите ни треба понекогаш пауза. Од работа, излегување, обврски, грижи… од изложување. Требаше да резимирам, да се опкружам со моите, да се гушнеме и да плачеме ако е потребно, да се смееме и да го прославиме она што го имаме. Да се тргнам од сè, и да продолжам понатаму. Ова беше година на учење, големи падови, пресвртници, болка, разочарување. Година во која сфатив дека животот е подарок, а не привилегија, дека вистинските пријателства се реткст, осетив толку предавството и неправдата колку што  можам да поднесам“, започна таа и додаде:

„Година, кога се молев моите деца да страдаат што помалку, кога се смеев додека душата ми крвари и кога ме лекуваше секоја насмевка што ќе ја добијам за возврат. Годината кога мојата најмлада ќерка порасна преку ноќ. Свесна сум дека веројатно никогаш нема да сфати колку ме повредува нејзината грижа за мене, бидејќи токму во тоа се рефлектира нејзиниот страв“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Николина посака во новата година  да плаче но, само од убавина и од среќа.

– Не сакавме да свртиме нов лист, животот така не услови. И секое ново поглавје се отвора со причина… сакам да верувам дека сите луѓе кои свесно го напуштија мојот живот направија поквалитетен простор за другите… Оваа година сакам да плачам од убавина и среќа. И знам дека ќе го направам тоа. Веќе го правам тоа. Затоа што имам круг на  најважните луѓе за мене“, изјави водителката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Николина Пишек

To top