Македонскиот пејач Адам Лабунски е актуелен член на популарното регионално ријалити „Задруга 6“, во кое постојано нешто му се случува или пак самиот тој со своите изјави предизвикува да биде постојана „мета за одстрел“. Што меѓу цимерите кои или го исмеваат или го малтретираат, а медиумите и српските и нашите и регионалните, тоа го бележат со сочни наслови на нивните насловни страници.
Така, најновиот бисер на Лабунски предизвика нова бура на овации, што од смеење што од чудење, зашто со својата последна изјава оново ја разбранува јавноста која тешко дека му поверува во она што го кажа и раскажа, освен поедини личности „гладни за сензации“ или нешто друго, сеедно!
Имено, Адам последниве денови се зближи со новата „задругарка“ Жана – Омниа, со која поминува поголем дел од времето. Само за подобро да се запознаат или нешто друго еден кај друг да спознаат, ќе видиме допрва, особено ако е евидентно дека надарената цимерка на пејачот ептен му го крева… адреналинот!? За подобро да и се додвори, Адам реши „да се отвори“, па на Жана во еден од последните разговори и се довери за тоа како изгледал неговиот интимен живот.
Првин почна да и раскажува колкав тоа полов орган има и дека тоа кај нив е семејна генетика… Па ја раскажа случката кога со брат(учед)от биле на наудистичка плажа. Тој онака надарен се соблекол, арно ама кога здогледал што „чудовиште“ крие братучедот, буквално се искомплексирал… Или што би рекле: „Јас надарен, ама ти да го видиш од братучед ми…“ – речиси буквално со овоие зборови Адам се обидуваше да ја заведе очигледно искусната Жана – Омниа, која не “загриза од прва“ на фалбите на пејачот, дека има нешто и во „сантими“… Или според него – многу тоа!
А кога тоа не му помина, односно не успеа да ја улови „на величина“, Адам тргна цицлестата русокоса „да ја лови на количина“… Поточно, на искуство, обидувајќи да ја фасцинира со својот минат труд!
„Јас сум имал преку 500 жени до сега… Добро еве нека бидат 350 со кои сум имал секс…“ почна Адам, да се фали со која што имал, па раскажа дека една повозрасна го едуцирала како тоа се прави. На тоа Жана му дофрли: „Оооо, па ти си бил бабо е*ач, а? Па потоа си тргнал на овие од по 20 и нешто години?“
И така додека Адам се обидуваше се’ да направи за Жана да му падне во прегратки, таа искусно го ескивираше удирајќи му „корпа“, а на крајот уште и профитираше откако на подарок „му изнуди“ една крема за нега на лице.
Како изгледаше безуспешното додворување на Адам Лабунски во обид да ја „ќари“ надарената “задругарка“, проследете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):