Радио Милева со улога на мистериозна убавица

Ана Бекута е одлична пејачка но, многумина не знаат дека се пробала и во актерството (фото+видео)

Ана Бекута е одлична пејачка но, многумина не знаат дека се пробала и во актерството (фото+видео)

Пејачката Ана Бекута долги години е присутна во музиката, но малкумина знаеја дека пејачката се испробала и да биде актерка и тоа во спот.

Имено, познатата пејачка се појави во спотот на Зоран Калезиќ во раните деведесетти, за песната „Желба моја, мој отров“, каде што ја толкуваше улогата на мистериозна убавица.

Да потсетиме, Зоран Калезиќ, кој е присутен на музичката сцена повеќе од 50 години, со своите песни и хитови и одбележа убав период во народната музика, а за жал на многумина, на 4 јануари 2023 година,  ја загуби битката со опаката болест.

Калезиќ не сакал да зборува премногу за ракот бидејќи бил свесен дека се бори со многу тешка болест.

– Имам таков однос кон животот, навикнат сум на борба. Од кога си заминав од тука како момче, па до сега, животот ме води на тој начин. Постојано морав да го пронајдам својот пат, да си ја спасувам душата од работи кои ме водеа во очај – објаснил еднаш Калезиќ.

Фото:Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Јутјуб

To top