Домот е место каде се чувствуваме комотно, а процесот на неговото декорирање треба да започне со парчиња кои го отсликуваат нашиот карактер и создаваат пријатна енергија.
Пејачката и докторка Симона Поповска од пред неколку години е реализирана сопруга и мајка, па домот не само по нејзините мерки, треба да биде „скроен“ и по потребите на сопругот и двете синчиња.
Според она што Симона го покажува на социјалните мрежи, нејзниниот избор е минимализам од ентериерот од кој доминираат три бои: бела, сина и кафеава, па во тие нијанси дури беше украсена и новогодишната елка која има централно место во домот.
Новогодишната честитка убавата и атрактивна пејачка ја прати седната во домашен амбиент од каде повторно можевме да ѕирнеме до нејзниниот домашен рај.
View this post on Instagram
-Ти благодарм 2022, време е да и кажеме здраво на 2023-та и чао на 2022-та. Среќна Нова!- пишува таа.
Убави моменти,здравје, насмеани лица и полни раце љубов со двете синчиња кои ја комплетираа нејзината животна сложувалка.
фото:Инстаграм/Симона Поповска