Песните, не нибило никогаш познато зошто ги делат на оние за деца и ониое другите, за возрасни… Охриѓанецот Александар Петрески пак за неговата нова композиција „Снегулка“ вели дека е „детска песна испеана од возрасни“…
Таа е новогодишна песна испеана од самиот Александар Петрески и Марија Цветановска – која во суштина личи новогодишна детска песна, балада испеана од возрасни вокали.
„Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Се’ уште во уши ми ѕвонат звуците од честитките…
Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом“, вели Александар Петрески.
Музиката, текстот, аранжманот, продукцијата и мастерингот ги потпишува тој самиот – Александар Петрески, кој вели дека и е бескрајно благодарен на девојката со ангелски глас – Марија Цветановска. Зад преубавите пејзажи низ Германија и декоративните кадри стои Оливер Петкоски. Зад охридската приказна и видео продукцијата стои Климент Симоноски.
„Мојата желба и моето мото се ”making history”. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и новогодишна енергија“ – порачува Александар Петрески канејќи ве да ја слушате неговата „Снегулка“ опеана и виуелизирана во видеото во продолжение: