Пејачката Наташа Беквалац ѝ ја разубави новогодишната ноќ на публиката во Будва, каде атмосферата ја доведе до совршенство.
Пејачката за оваа пригода избра кожен корсет во беж боја, украсен со големи циркони, кој го искомбинира со длабоки ракавици од истиот дизајн, а под проѕирното здолниште до подот се гледаа мрежести чорапи и сандали со високи потпетици.
View this post on Instagram
– Кого бакнавте на полноќ? Што посакавте на полноќ? Јас не можам да ви кажам, но прекрасно е – напишала пејачката, а фановите веднаш почнале да се сомневаат за кого се работи.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм