Принцот Хари во новото интервју изјави дека „сака семејство, а не институција“ и дека „работите не мора да се случуваат на овој начин“.
Во интервју за ITV, два дена пред објавувањето на неговите долгоочекувани мемоари, принцот Хари вели дека сака татко му и брат му да се вратат, објави „Гардијан“.
– Би сакал татко ми да се врати. Би сакал мојот брат да се врати – изјави војводата од Сасекс.
Тој исто така тврди дека „тие (палатата) мислат дека е подобро да не чуваат како негативци“ и дека не покажале ни трошка волја да се помират.
Интервјуто е снимено во Калифорнија, каде Хари и Меган живеат со нивните две деца, а како што се наведува во соопштението, ќе открие многу детали за животот внатре и надвор од кралското семејство.
Фото:Принтскрин/Профимедиа