Радио Милева како две пријателки

Секоја чест за Каја Остојиќ: Наследничката на пејачката порасна во вистинска убавица (фото)

Секоја чест за Каја Остојиќ: Наследничката на пејачката порасна во вистинска убавица (фото)

Каја Остојиќ ја има ќерката Николина, која ја родила на 19 години, а многумина коментираат дека изгледаат како пријатели.

Покрај успешната кариера, Каја најмногу се гордее со Николина, а тоа често го истакнува и во објавите на социјалните мрежи.

– Зеницата на моето око. Горда сум на сè што сстана и во каква прекрасна жена растетеш. Фала и на небесата што пубертетот заврши и сега е толку убаво и лесно да си мајка – гласеше една од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina (@itsnikay)

– Не ми се верува, мислев дека сте сестри.

– Вие сте како пријателки – се дел од коментарите.

Инаку, Каја ја доби Николина со својот прв сопруг Никола Драгојловиќ, со кој врската ја започна во четвра година средно училиште. На 18 години останала бремена, поради што вонредно го завршила училиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina (@itsnikay)

-Кога дознав дека сум бремена, не се исплашив, иако бев млада. Ниту Никола. Мислевме – така е, се сакаме, ќе го задржиме детето и ќе се венчаме затоа што ни се допаѓа. Но, не беше баш така – изјави претходно Каја.

Каја го оставила Никола кога нивната ќерка имала само шест месеци. Таа се преселила кај нејзините родители во Нови Сад и таму живеела две години.

Пејачката Катарина Каја Остојиќ беше во брак три пати. Беше со Никола Драгојловиќ со кого ја има ќерката Николина, потоа со кошаркарот Урош Дувњак, па со светски познатиот диџеј Џуниор Џеко, а сега ужива во љубовта со фудбалерот Матео Павловиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top