Македонската поп пејачка Антониа Гиговска никако да го скроти својот темперамент. Немирна ко’ дете, постојано нешто работи, прави, приредува, менува… Овој пат, во прашање е ова последното.
Така Антониа реши да проба, да изгледа поинаку. Ама доста поинаку…
Па тргна од косата, односно фризурата.
Кога промените во однос на косата е во прашање, тогаш безрезервната доверба Антониа ја има во нејзиниот стилист Даниел Николовски.
Младата пејачка досега неколкупати има изјавено дека тешко би се решила да ја исече сојата долга коса која е нејзина слаба точка и заштитен знак, но се досега.
Па така, старата Антониа замина во историја, кога е физичкиот изглед во прашање, а сега е комплетно нова, драстично поинаква, а за тоа како се доживува со новата фриузура вели:
-Мислев дека никогаш нема да се шишам кратко и да ви кажам искрено уживам во промената. Што знам, јас си најдов некоја друга Антониа во себе со мојава нова фризура. Се надевам ќе ми помогне да носам и правилни одлуки, пишува таа во опсот на новите фотографии каде позира поинаква и освежена.
View this post on Instagram
Дека новата фризура ќе и донесе нова енергија и повеќе погледи и симпатии од нејзнините обожаватели, тоа е сигурно, а за останатото поважно е она што се има во главата, а не тоа на неа.
фото: Инстаграм Антониа Гиговска