Поп пејачкта Наташа Миха кон средината на месец ноември со синглот „Мерилин Монро“ го најави својот албум насловен „10 Љубови“ кој сега го промовираше пред публиката.Наташа е позната на македонската публика со сингловите „Пеперутка“,радискиот хит „Сé што знам“, а годинава пријатно ја изненади јавноста и
со уникатната и храбра „Мерлин Монро“.
-„10 Љубови“ е сублимат на сé што до сега имам објавено, вклучувајќи гихитовите „Пеперутка“, „Се што знам“ и „Мерлин Монро“. Албумот е збирка на вкупно 10 песни, а четири од нив се нови дела. „10 Љубови“ содржи композиции кои црпат инспирација од различни музички жанрови, давајќи и акцент на љубовта низ различни сценарија и дејствија, вели Наташа.
Наташа Миха е етаблиран музичар и пејач, композитор и текстописец. Таа автор на музиката, текстот и аранжманот на „10 Љубови“ во соработка со Дамир Пух, додека миксот и мастерингот на албумот се целосно негово дело. „10 Љубови“ е снимен и изработен во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје.
Промоцијата на „10 Љубови“ се случи на 21-ви декември, во Филхармонија Кафе Бар, каде присутните за прв пат имаа можност да ги слушнат и да уживаат во песните содржани на албумот.
„10 Љубови“ е издаден преку PMG Recordings. Албумот е достапен за слушање на сите стриминг платформи, а љубителите на добрата музика ќе можат ексклузивно да го набават и во CD формат.
фото:Бојан Стоилковски