Радио Милева ги смирија страстите

Марко Булат неодамна ја шокираше јавноста со физичката пресметка со сопругата, а сега на настап рака под рака со неа (фото)

Марко Булат неодамна ја шокираше јавноста со физичката пресметка со сопругата, а сега на настап рака под рака со неа (фото)

Марко Булат ја шокираше јавноста помирувајќи се со сопругата по физичка пресметка, а пред само неколку недели зборуваше нешто друго.

Булат синоќа се појави на настан во главниот град на Србија, рака под рака со сопругата Марија, која неодамна ја пријави за насилство. Двајцата позираа насмеани, па може да се каже дека помирувањето е дефинитивно.

– Помирувањето беше постигнато со бакнежи, мислам дека тоа е крајно романтично. Не знам дали оваа ситуација ја зацврсти нашата врска, но искуството те гради. Кога човек ќе доживее вакво нешто, тој е поподготвен. Денес, утре, кога ќе ви се случи нешто, го препознавате и ако претходно сте реагирале погрешно, тогаш се трудите да реагирате на правилен и поздрав начин. Се помиривме поради љубовта. Не можам да кажам дека некој некому му се извинил, но како христијани простуваме. Сега кој кому што кажал… Важно е животот да продолжи. Тие негативни работи остануваат зад нас – истакна за тамошните медиуми, а малку подоцна ја свртел приказната:

Секакви работи ми беа кажани во афект, па ја пријавив. Таа беше дел од многу афери, јас пријавив семејно насилство. Нема да ги коментирам нејзините изјави, сигурно не се давев сам! Ќе видиме од понеделник дали ќе се разведеме, денеска во разговорот со неа не видов желба на таа страна бракот да опстане – изјави тогаш Марко во емисијата на Јоване Јеремиќ.

Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес/М.Мијатовиќ

To top