Радио Милева разрешена мистерија

Синот на Марина Туцаковиќ бил пријавен за исчезнат во Израел, а безживотното тело веќе два дена лежело на улица од кварт со лоша репутација

Синот на Марина Туцаковиќ бил пријавен за исчезнат во Израел, а безживотното тело веќе два дена лежело на улица од кварт со лоша репутација

Телото на покојниот Милан Лаќа Радуловиќ два дена лежело на улица во зафрлениот дел на Тел Авив познат по својата лоша репутација, пред да биде пронајдено и однесено во мртовечница.

Како што дознаваат српските медиуми од извор близок до семејството, им било кажано дека во оваа населба најмногу се собирале луѓе склони кон пороци, а многумина го избегнувале овој кварт, па тоа била една од главните причини зошто е толку тешко да се влезе во трага на текстописецот, чија смрт беше официјално потврдена во вторникот.

– На Лаќа му беше многу убаво во Израел. Тој бил во посета на својот близок пријател, кај кого отишол на 2 декември и планирал да остане таму до Св. Никола. Целите денови им беа исполнети, ги посети ле сите историски знаменитости на градот, разни библиски места, ресторани. Тие двајца таму се сретнале и со заеднички пријатели. Тој беше одлично расположен, ништо не укажуваше дека може да се случи ваква трагедија. Таму го славеше и големиот еврејски празник. Тој навистина се радуваше на тоа. Меѓутоа, по неколку дена, откако се вратиле од излегување, Лаќа наеднаш го променил расположението. Изгледаше како да паднал во некаква депресија, насмевката веднаш исчезна од неговото лице. Се присети на својата покојна мајка Марина и братот Милош и на некои тешки приказни. Потоа се расплака со солзи, па му рекол на пријателот дека сака да биде сам и го напуштил сместувањето каде што престојувале. Тоа го направил навечер и рекол дека ќе се јави подоцна, вели изворот, продолжувајќи ја приказната за тоа што се случило после таа вечер, по што никој не го видел повеќе.

– Лаќа потоа го исклучи својот телефон кој имаше израелски број и оттогаш е недостапен. Пријателот мислел дека сака само да биде сам и да размислува за се. Меѓутоа, бидејќи ден и пол или два не се јавил, се уплашил дека нешто му се случило. Овој пријател веднаш ги известил другите познаници од градот дека Лаќа исчезнал, па и тие почнале да прашуваат за него по болниците и низ градот. Кога виделе дека го нема никаде, пријателот решил да го пријави како исчезнат – додал тој. Милан, според него, го завршил животот во дел од градот кој има лоша репутација.

– Кога беше пронајден, Лаќа беше мртов два дена. Тој лежел на земја во оддалечен дел од улицата. Таа населба има лоша репутација. Туристите не одат таму, којзнае како стигнал таму. Кога бил информиран, неговиот пријател избезумено отишол на идентификација, по што се потврдиле црните сомнежи дека се работи за исчезнатиот Лаќа – заклучува изворот.

фото:АТА Images/YOUTUBE PRINTSCREEN/ PINK.RS/KURIR.RS

To top